Поврзете се со нас

Италија

Костакурта за најголемите ѕвезди на Милан: Не би ги продал, ама никој не е незаменлив

Објавено

на

Foto:instagram.com/alessandrobillycostacurta

Милан има сезона под очекувањата, сезона во која наместо да се бори за врвот по 26 кола е на 8. место во Серија А.

„Росонерите“ заостануваат 16 и 15 бода во однос на Интер и Наполи, а 8 од Јувентус кој го држи тоа последно место кое води во Лигата на шампионите.

Со вакви игра на „црвено-црните“ ќе му биде тешко да го стигне и Јувентус, па веќе се поставуваат прашања дали клубот во летниот преоден рок треба да се ослободи од главните ѕвезди Леао, Ернандез и Мењан.

-Не знам дали е крај за сите, но мислам дека е за освојувачите на Скудетото. Верувам дека против Болоња, исто како и другите натпревари, се надополнува на моделот на натпревари одиграни на одреден начин, со грешки. Тие вложија труд, но ние продолжуваме да зборуваме за грешки.

-Ако ги продадете Леао, Тео и Мењан, можно е дури и да изградите посилен тим. Се зависи од проценките. Можете да создадете подобар тим од овој. Мислам дека Милан не зависи од нив. Зависи од што? Тие се на осмото место, со 17 поени помалку од водечките. Верувам дека никој не му е незаменлив во Милан. Ако треба да се продадат, тогаш продадете ги. Лично, не би ги продал. Би задржал неколку од нив. Ама не мислам дека тие се апсолутно неоходни и суштински, -истакна легендарниот Алесандро Костакурта.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни