Поврзете се со нас

Италија

Костакурта: Тој е најдобриот дефанзивец, треба да биде капитен на Милан!

Објавено

на

foto: x.com/SerieA_EN

Милан без проблеми ја оправдаа улогата на фаворит против Емполи, меч кој заврши со резултат 3-0 со головите на Мората и Рајндерс (2).

Овој триумф сигурно ќе ја крене самодовербата кај „росонерите“ пред новите предизвици особено ако се знае дека знаеја да направат киксови против вакви помали клубови во досегашниот дел на кампањата.

Алесандро Костакурта како легенда на клубот сигурно се радува на вакви победи, но славниот Италијанец се реши да говори конкретноо за едно име за кого смета дека засилува да биде капитен-тоа е дефанзивецот Матео Габија.

-Новиот договор за Габија е најдобра вест. Тој е најдобриот дефанзивец што го имаат, дури и во неговото однесување. Кога доаѓа да зборува (со медиумите), зборува добро. Мислам дека треба да биде капитен на Милан, бесмислено е да се дава на други. Капитен е Габија. Тој е момче кое доаѓа од истата провинција како мене, пораснато во Миланело, па јас сум навистина среќен за него, -порача Костакурта.

Инаку капитен на „црвено-црните“ е Давиде Калабрија, замена пак му е Тео Ернандез.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни