Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Костакурта сурово искрен: Резултатот на „Енфилд“ не треба никого да залажува

Објавено

на

Алесандро Костакурта мина повеќе две децении во Милан во периодот од 1986-та до 2007-ма година, а како човек кој освои се што можеше да се освои на „Сан Сиро“, легендарниот дефанзивец излезе со реален коментар за она што вчера го видел на теренот.

Милан како реномиран седумкратен првак во Лигата на шампионите, вчера го имаше своето враќање во елитата по пауза од точно седум години, нешто што според Костакурта осетно се почувствувало на теренот против моќен тим како оној на Ливерпул.

„Росонерите“ беа во подредена улога во текот на целиот меч, па иако пред крајот на првиот дел изрежираа импресивен пресврт, Костакурта вели дека конечниот резултат (3:2) и минималната победа на Ливерпул не треба да залажува никого.

– Јас не гледав убав меч од Милан како што многумина го велат тоа. Сметам дека Милан беше издоминиран и ставен под притисок цели 75 минути, со исклучок на последните извонредни 10 минути во првото полувреме. Победата на Ливерпул е повеќе од заслужена и сметам дека требаше да дадат уште некој гол, – вели Костакурта говорејќи за „Скај Италија“.

– Реалното мое мислење е дека Ливерпул во овој момент е многу посилен од Милан. Можно е да се намали разликата, но таа се уште е многу голема. Резултатот не треба никого да залажува, – заклучува 55-годишниот Костакурта кој освои пет титули во Лигата на шампионите и седум Скудета како играч на Милан.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни