Поврзете се со нас

Италија

Костакурта не се согласува со Капело и испорача два предлози до Ибрахимовиќ

Објавено

на

Foto:instagram.com/alessandrobillycostacurta

Милан е во потрага на идеален наследник на Стефано Пиоли и оваа операција трае веќе некое време, а од првичната листа веќе отпаднаа тренерски имиња како Хулен Лопетеги и Паоло Фонсека.

Иако Лопетеги беше пред пристигнување во Милан, тифозите на клубот го блокираа трансферот и извршија притисок да не се реализира зделката, па сега Златан Ибрахимовиќ и директорите се насочија кон други опции, а повремено добиваат и предлози од добро познати имиња во јавноста.

Ариго Саки вчера ги предложи Роберто Де Ѕерби и Маурицио Сари како идеални кандидати за Милан, а денеска се јави и Алесандро Костакурта кој се согласи за еден од набројаните од Саки.

– Ако сум дел од Милан во овој момент, би се одлучил за италијански тренер. Практично, би тргнал по Конте или Де Ѕерби. Нема што да се каже многу за Конте, а што се однесува за Де Ѕерби, имам сосема спротивно мислење од она на Капело, – вели Костакурта.

Интересно, Капело вчера посочи дека Де Ѕерби не е врвен тренер и добива внимание бидејќи е рекламиран од Пеп Гвардиола, став кој дефинитивно привлече големо внимание во јавноста.

– Сакам тренери како Де Ѕерби, едноставно не гледав како Лопетеги би се снашол добро во соблекувалната на Милан. Клубот е пред важна одлука и прилично сум сигурен дека ќе се слуша гласот на Ибрахимовиќ, – посочи Костакурта.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни