Поврзете се со нас

Италија

Костакурта: Не може да се замисли Милан без Малдини

Објавено

на

Легендата на Милан и на италијанскиот фудбал, Алесандро Костакурта се надева дека неговиот поранешен клуб нема да направи грешка и се раздели со Паоло Малдини.

Малдини е еден од најважните луѓе во таборот на „росонерите“ последниве сезони, односно меѓу најзаслужните што клубот се врати на победнички патеки и го освои Скудетото во Серија А.

-Не можам да го замислам Милан без Паоло Малдини. Не верувам дека има морони во управата, па сум убеден дека ќе потпише нов договор, -рече Костакурта кој потоа говореше и за трансфер стратегија на „црвено-црните“ кои се мирни во овој летен преоден рок.

-Ми се чини дека се оди како што треба. Ограничениот буџет со себе носи многу идеи. Така што не би се грижел многу за тоа, -заклучи Алесандро.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни