Поврзете се со нас

Италија

Костакурта го прогнозираше финалето во ЛШ, испрати и критики за Лаутаро

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManCity

Алесандро Костакурта денеска ја коментирал ждрепката за четвртфиналето на Лигата на шампионите, но и елиминацијата на Интер кој беше италијански клуб со најреални шанси за пласман во следната нокаут фаза.

Поранешниот фудбалер на Милан смета дека Манчестер Сити ќе го елиминира Реал Мадрид, додека од другата страна на ждребот најдобар ќе биде тимот на ПСЖ.

– Ждрепката го потврдува фактот дека Сити е мој најголем фаворит за трофејот, во прилог им оди и фактот што реваншот против Реал ќе го играат на домашен терен.

– Единствениот проблем за нив е жестоката битка во Премиер лигата, но прогнозирам финале меѓу Сити и ПСЖ. ПСЖ има голема предност во француското првенство и затоа ќе биде опасен, а начинот на кој Мбапе игра на последните натпревари е порака за ривалите. Очекувам ПСЖ да ја елиминира Барселона, – рекол Костакурта.

Популарниот „Били“ го истакнал и разочарувањето од Лаутаро Мартинез и неговиот настап против Атлетико Мадрид.

– Очекував многу повеќе од Лаутаро. Се сеќавам дека не играше најдобро и на Светското првенство, па се наметнува заклучокот дека не е подготвен за одредени важни фази, потребен е поинаков менталитет во Европа, – изјавил Костакурта.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни