Поврзете се со нас

Свет

Коста пред кам-бек на Пиринеите: „Лошото момче“ може да потпише за клуб од Примера

Објавено

на

Foto: lucasuebel | Grêmio FBPA

Диего Коста е слободен играч откако му заврши договорот со Гремио, а ова го прави интересен за клубовите, па дури и за оние кои играат во најдобрите пет лиги во Европа.

Имено според последната информација која ја соопшти „Мундо Депортиво“, Бразилецот со шпански пасош може да направи кам-бек на Пиринеите и потпише за клуб од Примера. Имено за него е заинтересиран тимот за кого веќе има настапувано во минатото-тоа е фенерџијата во Ла Лига, Валјадолид.

Валјадолид ги исконтактирал агентите на контроверзниот напаѓач и останува да се види дали двете страни ќе се разберат за договор кој би требало да биде краткорочен до крајот на сезонава.

Диего има 36 години, а во досегашната кариера има настапувано за многу екипи од кои најзвучни, најголеми се Атлетико Мадрид и Челси.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни