Поврзете се со нас

Свет

Коста го повика Дел Пјеро во позната средина: Нека дојде, сакам да играм со него (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: x.com/SydneyFC

Даглас Коста своевремено беше еден од најголемите бразилски таленти, но останува отворено прашањето дали докрај го искористи својот потенцијал, знаење иако играше за врвни тимови како Баерн Минхен и Јувентус.

Тој веќе некое време не е во фокусот, кариерата му е во пад и сега ќе игра во Австралија во редовите на Сиднеј. Тоа е клубот во кое своевремено настапуваше италијанската легенда Алесандро Дел Пјеро, па токму Бразилецот беше запрашан за споредба, одредена паралела, а тој даде интересен одговор при кој го повика Алекс да дојде и играат заедно.

-Нема притисок затоа што има само еден Але Дел Пјеро – тој е единствен. Никогаш нема да се споредувам со него. Тој беше и мој идол во Јувентус. И ако сака да се врати, би сакал и јас да играм со него, -порача Бразилецот кој има 34 години.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни