Поврзете се со нас

Балкан

Косовските фанови со кореографија-порака до гостите од Шпанија (Видео)

Објавено

на

Косово загуби од Шпанија во квалификацискиот натпревар за СП во Катар, а домашните навивачи се обидоа да испратат порака до гостите кои не ја признаваат нивната независност.

Шпанците го пишуваа името Косово со мали букви на првата средба, а на прес-конференцијата ги испровоцираа домашните новинари со избегнување на употребата на името, што го доведе и Пабло Сарабија во незгодна ситуација.

На вчерашниот дуел во Приштина, домашните фанови подготвија кореографија со која испратија јасна порака до шпанската делегација и фановите на „црвената фурија“.

– Добре дојдовте во Република Косово, – беше пораката која домаќините ја испратија во периодот кога се интонираа химните.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни