Поврзете се со нас

Светски првенства

Косовската федерација побара казни од ФИФА поради навредите од српските фанови и селекторот Стојковиќ

Објавено

на

Српската репрезентација денеска се врати во Белград по неуспешниот обид за пласман во осминафиналето на СП во Катар, а поразот од Швајцарија уште долго ќе биде топ тема на медиумите.

Резултатот, но и провокациите и мешаниците на теренот го направија еден од најтензичните во досегашниот тек на мундијалот, а сега српските фанови и селекторот Драган Стојковиќ Пикси се обвинети дека во неколку ситуации испраќале навреди на сметка на албанскиот народ.

Тоа го тврди и Косовската фудбалска федерација, која вечерва објави дека испратила жалба до ФИФА и бара казна за Пикси.

– Истакнување слогани со политички пораки и расистички повици на сметка на Албанците се слушаа во текот на целиот натпревар, а за нив известуваа и светските медиуми.

– Бесмислена е омразата со која со години се потхранува мислењето во соседната држава кон албанскиот народ воопшто.

– Косовската федерација бара од ФИФА истрага за овој случај и санкции за Српскиот фудбалски сојуз, со што фашистичките скандирање ќе исчезнат од стадионите и турнири како СП, – стои во соопштението, во чиј наслов е истакнато дека покрај фановите, навредливи зборови биле упатувани и од српскиот селектор.

Камерите го уловија: Пикси нервозно ги пцуеше албанските играчи во швајцарскиот тим (Видео)

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни