Косово ќе биде сериозен противник: Најдобриот стрелец на Сигал Приштина се приклучи на репрезентацијата

Kosovo

Нашиот северен сосед Косово, кој ќе ги одмери силите со Македонија во претквалификациите за СП 2019, се засили на надворешните позиции со уште еден играч. По Г’зим Морина и Ерјон Кастрати кои ќе бидат дел од репрезентацијата на Косово, сега се приклучува и првиот играч и поентер на Сигал Пришина, Дритон Хајризи,  кој позади неговото име запишуваше околу 18 поени по натпревар.

Тој доби дозвола од докторите за настап по претходно детектираните здравствени проблеми со белите дробови. На последните прегледи се било во ред и тој ќе може да почне со лесни тренинзи.

Од страна на селекторот Гринберг беше повикан и Јарен Сина, првиот албански кошаркар кој се најде на летен камп во НБА-лигата, но не успеа да ги импресионира челниците на Денвер Нагетс за да му понудат договор.

Репрезентацијата покрај горенаведените  е во состав со следните кошаркари: Дардан Бериша, а Леонард Мекај, Аријан Ќалаку, Арти Хајдари, Гранит Ругова, Самир Зекиќи, Албан Весели, Газменд Синани, Фисник Ругова, Лис Шоши, Едмонд Аземи, Урин Зенелај и Ергин Гроша.

 

Facebook Коментари