Поврзете се со нас

Свет

Кошмарно деби за Игуаин во САД: Промаши пенал, противниците му се потсмеваа па тргна да се пресмета со нив (Видео)

Објавено

на

Гонзало Игуаин синоќа го имаше официјалното деби во тимот на Интер Мајами, клуб на кој се приклучи по неговото заминување од Јувентус.

Аргентинецот се надеваше на позитивно деби во тимот кој е во сопственост на Дејвид Бекам, но наместо тоа имаше кошмарен прв натпревар во кој не успеа да реализира удар од белата точка.

Интер Мајами претрпе тежок пораз кај Филаделфија Унион со 3:0, а при резултат од 2:0, Игуаин имаше можност да намали на 2:1, но не реализира пенал.

Откако не го реализира пеналот, противничките играчи му се потсмеваа и го прославија неговото големо промашување, а Игуаин веднаш тргна да се пресметува со нив.

За среќа набргу се смирија страстите, па натпреварот продолжи, за пред крајот на истиот Филаделфија да го постигне и третиот погодок и да го закова Интер Мајами на дното на табелата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни