Поврзете се со нас

Италија

Кошмар за Јуриќ на последниот меч како тренер на Рома (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/OfficialASRoma

Италијанските медиуми му пресудија на Иван Јуриќ уште пред денешниот натпревар на „Олимпико“, но по крајот на истиот, водечките структури на Рома ќе имаат уште повеќе аргументи за да му врачат отказ на Хрватот.

Рома денеска на домашен терен ја пречека Болоња во натпревар кој значеше повеќе од три бода поради лошата состојба на табелата, а иако победата беше императив за „волчицата“, фановите мораат да се помират со нов пораз.

Болоња успеа да слави во еден атркативен меч со 2:3 и најверојатно го потврди она што го најавуваат медиумите, а тоа е фактот дека сега е неизбежен отказ за тренерот Јуриќ кој денеска беше жестоко исвиркан и од тифозите пред стартот на мечот, ситуација поради која не го одработи и стандардното интервју за медиумите.

Гостите во три наврати водеа со 0:1, 1:2 и 2:3 и заслужено ги освоија трите бода, додека домаќините во игра ги враќаше Ел Шарави во два наврати.

Головите за Болоња ги постигнаа Кастро, Орсолини и Карлсон, а на гостите им беше поништен и еден на Далинга поради играње со рака.

Додека Рома се мачи, на стартот на сезоната гледаме брилијантни партии на Фиорентина, тим кој со денешната победа над Верона со 3:1 стигна до шести триумф во низа и 25 освоени бода, исто колку што имаат и Наполи и Аталанта.

Головите погледнете ги ТУКА

 

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни