Поврзете се со нас

НБА

Кошаркарските фанови со простуваат со великанот Џери Вест

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/Hoophall

Легендарниот кошаркар, тренер и генерален менаџер, Џери Вест, починал денеска на 86-годишна возраст, пренесоа американските медиуми.

Големото име во кошаркарската историја заминува како вистинска легенда, со многу индивидуални и тимски успеси во сите фази од својата кариера во спортот.

Вест беше предводник на Л.А Лејкерс, тим во кој ја мина целата кариера и со кого освои една НБА титула, потоа беше тренер, како и генерален менаџер со уште многу повеќе освоени трофеи во најсилната кошаркарска лига во светот.

Лејкерс го повлекоа употреба дресот со број 44 токму во корист на Вест, а се чини дека најголема чест за него е што НБА логото е направено според неговата силуета.

Во кариера постави многу индивидуални рекорди блескајќи на терените, во секоја сезона во која настапуваше во НБА беше дел од ол-стар викендот, а за фактот што нема повеќе титули како играч виновна е само одличната генерација на Бостон, која беше главен ривал на Лејкерс во тој период.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни