Поврзете се со нас

Свет

Кошаркарските фанови се простуваат со легендарниот Савовиќ

Објавено

на

blank

Еден месец откако бил хоспитализиран во болница поради компликации предизвикани од коронавирусот, легендарниот Миленко Савовиќ не успеал да ја добие најважната животна битка.

Прославениот центар на белградски Партизан почина на 60-годишна возраст, а од него денеска се простуваат кошаркарските фанови не само во Србија, туку и во целиот регион.

Савовиќ беше миленик на фановите на „црно-белите“ во периодот во кој стана и капитен на оваа екипа, а во кариерата три пати триумфираше во европскиот куп Радивој Кораќ, а освои и три првенства и два купа во поранешна Југославија.

Со дванаесет години минати во редовите на Партизан, фановите го паметат Савовиќ како клупска легенда на српскиот тим, а тој настапуваше и за Војводина и Гранада, додека боите на Југославија ги бранеше на Европското првенство во 1983 година.

Подоцна беше и спортски директор на својот омилен клуб и тоа во периодот кога Партизан ја освои европската титула на почетокот на 90-те години од минатиот век.

Фото: КК Партизан

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни