Поврзете се со нас

НБА

Кошаркарски ентузијасти од Босна го изработија најголемиот мурал од Коби во Европа (Фото)

Објавено

на

Животот на Коби Брајант трагично згасна на почетокот на оваа 2020-та година, но спомените од неговата блескава кошаркарска кариера вечно ќе остана во мислите на големите кошаркарски фанови.

Влијанието кое го имаше Коби врз НБА лигата направи да биде вистински миленик кај повеќе генерации, па воопшто не чудеше фактот што неговата смрт предизвика сериозен потрес во спортот на глобално ниво.

Легендата на Лос Анџелес Лејкерс го загуби животот во ужасната хеликоптерска несреќа во Калифорнија на крајот на месец јануари, а шест месеци подоцна, огромна почит му искажа една група на кошаркарски ентузијасти од Градишка.

Веднаш по неговата смрт, можевме да видиме голем број мурали кои беа изработувани во негова чест, а сега од Босна ни пристигна најмоќниот и најголемиот мурал направен во Европа.

Муралот е направен на ѕидот на училиштето во Градишка, а неговата големина изнесува 12 метри во должина и 6 метри во висина.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни