Поврзете се со нас

Олимписки игри

Кошаркарската лекција од Јокиќ за Австралијците во последните 90 секунди (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/kssrbije?lang=en

Добрата тимска игра ги однесе Србите до спектакуларен пресврт против Австралија и пласман во полуфиналето на Олимписките игри, а доказ за тоа е и фактот кој вели дека дури шест кошаркарки на Пешиќ го завршија мечот со двоцифрен број на поени.

Аврамовиќ, Гудуриќ, Добриќ и Мициќ беа извонрена поддршка за Богдан Богдановиќ и Никола Јокиќ, но кога дојде моментот на вистината, решаваше најдобриот играч во НБА лигата.

Јокиќ уште еднаш ја покажа својата класа и тоа го направи на најголемата олимписка сцена, нанижувајќи неколку клучни потези во последните 90 секунди од продолжението.

Србинот го прикажа својот разновиден репертоар и презентираше неверојатна игра и во одбрана и во напад, а со својата симултанка се погрижи за пресврт.

Од минус три на семафорот, Србија на крајот дојде до серија од 8:0 и победа од 95:90, со која избраниците на Пешиќ си закажаа полуфинална пресметка со американскиот „дрим-тим“.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни