Репрезентација
Кошаркарската Федерација со модерна технологија до позначајни резултати: Антиќ објави соработка со нов спонзор

Спонзорите се важен дел од секој голем тим и нивната поддршка им носи мир на големите спортски ѕвезди кои можат да се насочат само кон случувањата на теренот, а Кошаркарската Федерација на Македонија денеска потврди соработка со уште една сериозна компанија.
Перо Антиќ како прв човек на Федерацијата се стреми да создаде што е подобри услови во мак-баскетот и репрезентацијата, па така денеска со огромно задоволство објави нов договор со компанијата „Крио.мк“.
– Кошаркарската федерација ја продолжува со соработка со сериозни компании кои ќе помогнат за уште подобри услови за кошаркарите и за клубовите, пред се и репрезентацијата. Среќен сум што потпишавме договор со компанијата „Крио.мк“ на чело со Бранко Стојановски и што тој, со неговата компанија ќе биде дел од Федерацијата.
– Сигурно е дека со машините кои тој ги нуди, ќе бидат од голема помош за кошаркарите. Со овие терапии лично се запознав во НБА-лигата, бев изненаден од чувството дека е ладно во нив, но по еден третман телото се чувствува како да сте немале тренинг. Ние од постарата генерација бевме навикнати на други третмани, но како одминува времето, така технологијата оди напред. Затоа ние ќе мора да направиме подобри услови за играчите, – изјави Перо Антиќ.
– Чест е и задоволство да се биде партнер и спонзор на Кошаркарската федерација. Се надеваме на поголеми успеси на спортистите, да им овозможиме добро и квалитетно заздравување, ќе им овозможиме најсовремена апаратура за пост-повреда, по тешки тренинзи и слично, со кои, се надевам ќе постигнат подобри резултати. Членови сме на други Федерации, исто како што работиме таму ќе работиме и тука. Ќе работиме да ги едуцираме сите како да ги користат сите услови.
– Ова се специјални машини кои работат на минусни температури. Докажано е дека ладните бањи или кади, дека се совршени пост-тренинг, но овие што работат на -160 степени се подобри за детална регенерација на клетки митохондри. Тоа значи како играчот да немал тренинзи и напад претходно и веднаш може да продолжи со истиот напор и тренинг од претходно, – изјави првиот човек на компанијата „Крио.мк“, Бранко Стојановски.
-
Германијапред 23 часа
Кан доживеал брутално понижување од Баерн: Ова е најлош ден во мојот живот!
-
Шпанијапред 23 часа
Родриго претрча 70 метри и постигна неверојатен гол во Севилја (Видео)
-
Францијапред 22 часа
Голот на Меси доволен за историја и нова шампионска титула на ПСЖ (Видео)
-
Шпанијапред 7 часа
Анчелоти со комплименти за Родриго: Тој е наш најдобар играч по СП
-
Англијапред 22 часа
Капитенот на Лутон колабираше на теренот, па ја прослави промоцијата во Премиер лига од болнички кревет (Фото)
-
Англијапред 9 часа
Фердинанд нема дилеми: Јунајтед има поуспешна сезона од Арсенал
-
Македонијапред 22 часа
ТЦР Европа: Давидовски до четвртото место во првата трка
-
Францијапред 10 часа
Мбапе „нокаутираше“ девојка со топка, па со убав гест покажа дека е џентлмен (ВИДЕО)