Македонија
Кошаркарската Федерација не го послуша предлогот на МЗТ и ја прогласи сезоната за неважечка

Иако МЗТ Скопје Аеродром понуди неколку опции и решенија за да се доигра сезоната и да се добие новиот шампион на теренот, Управниот Одбор на македонската кошаркарска Федерација денеска го искажа својот дефинитивен став со кој секако ги разочара аеродромци.
За првпат во историјата на Првата македонската кошаркарска лига, една сезона ќе заврши без шампион, откаков одговорните луѓе предводени од Перо Антиќ донесоа конечна одлука за завршување на првенството без да се додели титулата. Исто така, нема да има тимови кои ќе испаднат во втора лига, но затоа елитата во наредната сезона ќе биде проширена за два тима, односно ќе бидат промовирани водечките од втората лига.
– По доставениот предлог до членовите на УО на Кошаркарската Федерација на Северна Македонија и нивно гласање, со убедливо мнозинство е донесена одлука за завршување на Првата лига, да не се прогласи шампион за оваа натпреварувачка сезона, да нема испаѓање во понизок ранг, а две екипи од Втората лига да се промовираат во прволигаши , – гласи соопштението објавено од Федерацијата.
Инаку, треба да се напомене дека претходно и клубовите изгласаа дека сезоната треба да биде прогласена за неважечка, а во дадената ситуација најголема штета претрпе МЗТ кој на секој начин сакаше да се бори за нова титула, односно за трофејот за кој беше главен фаворит.
-
Англијапред 18 часа
Кин го советува отпишаниот Санчо: Постои само еден начин да си ја спаси кариерата во Јунајтед
-
Шпанијапред 18 часа
Историја во Ла Лига: Малиот каталонски клуб за првпат на врвот, во следното коло ќе го брани првото место против Реал! (Фото)
-
Италијапред 21 час
Инѕаги го поздрави противникот кој го потопи Интер: Постигна страшен гол (Видео)
-
Англијапред 22 часа
Познати се паровите за 4.рунда во Карабао Купот: Дербито се игра на „Олд Трафорд“, Арсенал го очекува уште еден соседски предизвик (ФОТО)
-
НБАпред 19 часа
Лилард ја потврди големата „НБА бомба“ за која зборува цела Америка (Фото)
-
Англијапред 18 часа
Гвардиола брутален по елиминацијата: Не сакам да губам енергија на ова натпреварување
-
Италијапред 21 час
Гарсија за потресот во Неапол наречен „Виктор Осимен“: Можам да кажам само едно
-
Шпанијапред 16 часа
Барселона обвинета за корупција, двајца претседатели завршија на суд