Поврзете се со нас

Македонија

Koшаркарската федерација ги објави протоколите за работа при пандемија од КОВИД-19

Објавено

на

Македонската кошаркарска федерација денеска ги објави протоколите за работа на клубовите додека трае пандемијата со коронавирусот.

Протоколот беше донесен заедно со Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство, па така според истиот тренинзите и натпреварите сосема очекувано ќе се одвиваат без присуство на публика. Ќе има ограничен пристап на терените, а сите официјална лица со исклучок на кошаркарите ќе мора да носат заштитни маски.

Сите членови на кошаркарските тимови ќе мора да се тестираат најдоцна 72 часа пред почетокот на натпреварувањето, a по потреба и дополнително.

ОВДЕ можете да ги погледнете протоколите за работа на клубовите.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни