Поврзете се со нас

Македонија

Кошаркарска драма на „Кале“: ТФТ ја доби лудата завршница против Вардар

Објавено

на

Во единствениот меч во саботната програма во најсилната македонска кошаркарска лига, тимовите на Вардар и ТФТ изрежираа вистинска драма и кошаркарски класик на „Кале“, бидејќи неизвесноста на возбудата траеше до последниот напади и последната секунда.

На крајот, ТФТ покажа дека добрите резултати во почетната фаза од сезоната не се случајност и имаше повеќе нерви во лудата завршница, во која како одлучувачка се покажа мирната рака на Американецот Тај Харис. Вардар успеа да надокнади негатива во последната четвртина и се избори за егал финиш во кој се играше кош за кош, па по тројата на Ивановиќ, се чинеше дека ТФТ психолошки ќе падне откако испушти убаво водство.

Трите поени на Ивановиќ го доведоа Вардар во преднсот од 99:98, но веќе во следниот напад, расположениот Тајс се избори за прекршок и со своите две прецизни слободни фрлања го врати ТФТ во предност.

Вардар го имаше последниот напад за победа на фантастичниот меч со 199 постигнати поени, но последниот шут на Провол не беше прецизен и со тоа беше потврдена новата победа на ТФТ, трета во низа по минималниот пораз од МЗТ.

Провели кој не го реализираше последниот шут одигра неверојатна партија со 38 поени зад своето име, но не можеше против разиграното трио од спротивната страна сочинето од Хортон, Андерсон и Харис. Првиот постигна 28 поени, вториот 25, додека Харис со своите две клучни слободни фрлања стигна до 24 поени.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни