Поврзете се со нас

Свет

Кошаркарска „бомба“: Пау Гасол се враќа во Барселона!

Објавено

на

blank

Шпанскиот великан Барселона ќе добие големо засилување за продолжението од оваа сезона и тоа во центарот Пау Гасол.

Веќе подолго време се шпекулираше дека Гасол може да се врати во Европа, но во исто време како опција беше НБА и тимот на ЛА Лејкерс каде би заиграл заедно со неговиот брат Марк. Меѓутоа на крајот Пау се решил за кам-бек на стариот континент и тоа во клубот во кој ја започна неговата кариера.

Според „Мундо Депортиво“, ветеранот во наредните денови ќе пристигне во Барселона и ќе потпише договор до крајот на оваа сезона. Со ова ќе се исполни желбата на Пау да биде во натпреварувачки ритам, да биде во форма и со тоа да се избори за настап на ЛОИ во Токио каде и би ја завршил неверојатната играчка кариера.

Гасол добро го познава тренерот Шарунас Јасикевичус, има добар однос со Никола Миротиќ со кого заедно играа во Милвоки Бакс и Чикаго Булс, па дефинитивно со неговиот ангажман Барселона ќе добие многу на центарската линија без разлика што постариот од браќата Гасол има 40 години.

Во досегашната кариера освен за Барса и споменатите Милвоки и Чикаго има настапува за Мемфис и ЛА Лејкерс каде зедно со Коби Брајант освоија две НБА титули.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни