Поврзете се со нас

НБА

Кошаркарска „бомба“: Хјустон го ослободи Харден, „брадата“ ќе биде дел од нова „пеколна тројка“ во НБА! (Фото)

Објавено

на

Џејмс Харден јасно стави до знаење дека не сака да игра повеќе за Хјустон по поразот кој го претрпеа Рокетси од Лејкерс, по што оваа НБА франшиза реши да го отстрани од тимот и конечно да му ја исполни желбата.

Неполни 24 часа по овие случувања, од Америка ни пристигна ексклузивна вест дека Хјустон на крајот ќе му ја исполни желбата на „брадата“, или за такво сценарио поточно се погрижи Бруклин Нетс кој прифати да ја преземе плата на играчот и да пријави уште една голема ѕвезда во својот тим.

Харден имаше огромна желба повторно да заигра со Кевин Дурант, а угледниот новинар Војнаровски и сите останати угледни извори од Америка тврдат дека работата е веќе завршена.

Досегашната ѕвезда на Хјустон се сели во Бруклин и ќе сочинува нова пеколна и голема тројка во НБА лигата, бидејќи покрај Дурант, во Бруклин настапува и поранешниот шампион од Кливленд, Кајри Ирвинг.

Бруклин веќе го пријави Харден како свој играч, а допрва франшизите ќе ги договарат деталите за сите детали, односно привлегиите кои ќе ги има Хјустон на НБА драфтовите во иднина.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни