Поврзете се со нас

Свет

Кошаркарска „бомба“: Гасол завршува со НБА и се враќа во Европа

Објавено

на

Шпанскиот репрезентативец, Марк Гасол ја завршува својата авантура во НБА лигата и се враќа во Европа.

Ова се последните информации од медиумите кои пренесуваат дека Гасол по 12 години минати во најсилниот шампионат на светот во Мемфис Гризлис и Торонто Репторс ќе се врати на стариот континент и тоа во Шпанија.

Според Серхи Кармона, Гасол веќе се договорил со Барселона, тим од неговиот роден град, тим за кој во минатото настапуваше. Каталонците веќе подолго време се во потрага по центар, па Гасол дефинитивно се вклопува во оваа приказна со тоа што ова допрва треба да биде потврдено.

Марк минатата сезона со Торонто ја освои титулата во НБА лигата, додека пак со Шпанија има многу успеси на ЕП, СП и Олимписките Игри.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни