Поврзете се со нас

Репрезентација

Кошаркарките пред првиот предизвик во Рига: Сакаме да бидеме репрезентација за респект

Објавено

на

Селекцијата на Македонија ги одработи подготовките во Охрид и Рига и сега е време за она вистинското, продолжението на квалификациите за Европското првенство.

Пред нас е дуелот со Хрватска кој попладнево го играме во „балонот“ во Рига со почеток од  15:30 часот. Нашиот националец тим за овој „прозорец“ има неколку нови, квалитетни адути, тука е ѕвездата од ВНБА лигата Девана Бонер како и капитенот Анџелика Митрашиновиќ.

Токму поради ова во македонскиот табор се оптимисти дека ќе се престават во најдобро можно светло и ќе остават далеку подобар впечаток во однос на прикажаното на првите два меча во овие квалификации.

-Очекувањата, подобро кажано нашата цел е да бидеме многу, многу подобри отколку во првиот ФИБА ‘прозорец’. Противниците да почнат да нè респектираат. Да бидеме што е можно подолго ‘внатре’, во натпреварот, без празни минути. Да отскокне некој од младите играчи и над сè, да го зајакнеме и да го правиме култот на национален тим, -вели селекторот Владимир Ѓоровиќ.

-Во овој ‘прозорец’ влегуваме во значително подобар состав. Посилни сме за нашиот прв плеј и капитен Анџелика Митрашиновиќ, која много успешно настапува за екипата на Будуќност. Матеа Николиќ, една од нашите најперспективни кошаркарки која игра во силната италијанска лига. Играч со која се надевам дека ќе го решиме проблемот со скокот, поради тоа што ги покрива центарските позицији. И секако Девона Бонер, WNBA играч, која ова година играше во полуфиналето на најсилната лига на светот. Девона ги покрива позициите на ниско и високо крило. А како најголем нејзин квалитет е нејзината поливалентност, одличен шут, игра во транзиција и во играта  ‘еден на еден’. Треба да го искористиме тоа на овие мечеви во Рига, -дополнува Ѓоровиќ кој пак за првиот противник на турнирот во Рига вели:

-Репрезентација на Хрватска е една одлична репрезентација, со главна цел, играње на Еропското Првенство. Предводена од искусен стручњак Стипе Бралиќ, кој во 2012 година ја однесе Хрватска на Олимпијадата во Лондон. Хрватска е лидер во групата и најголем фаворит. Имаат  две победи во првиот ‘прозорец’ со многу битен ‘брејк’ со Летонија на гостински терен. Екипа која игра многу брзо во двете фази. Одлична во транзиција, одлична внатрешна игра која им отвора добар шут за три поени. Екипа која е доста агресивна во одбрана, со постојан притисок на топка и прво додавање. Екипа која е спој на искуството и младоста.

Од играчите се издвојува Дојкиќ, плејмејкер на евролигашот  УСК Прага. Таа е лидер и мотор на екипата. Перица е искусен играч на позиции ‘2’ и ‘3’, со многу добар шут за три поени. Тиквиќ и Бегиќ ги покриваат центарските позиции и двете настапуваат во италијанското првенство. Не знаеме кој ќе игра во Рига, но во секој случај тоа е исклучително квалитетен состав, фаворит за првото место во групата,- анализира нашиот селектор.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни