Поврзете се со нас

Репрезентација

Кошаркарките повторно примија преку 100 поени против Србија

Објавено

на

foto: kfsm.mk/

Македонската женска кошаркарска репрезентација го претрпе петтиот пораз во петтиот натпревар во квалификациите за пласман на Европското првенство.

Нашиот национален тим беше надигран од Србија со 105:60. Ова беше скоро идентичен резултат со оној на првата пресметка во Скопје која Србинките ја реализираа со 103:60.

Македонските девојќи најдобро се претставија во третиот период кој го загубија само со пет разлика (23:18).

Капитенот Митрашиновиќ со 17 поени беше прв стрелец, Стојановска реализираше 16 кошеви.

Следат два дена одмор, па натпреварот со Украина во Рига на 9. февруари.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни