Поврзете се со нас

Репрезентација

Кошаркарките ќе се подготвуваат во Охрид за „балонот“ во Рига

Објавено

на

Македонската женска кошаркарска репрезентација ги започна подготовките за дуелите против Хрватска и Германија во квалификациите за Европското првенство.

Како што е познато овие дуели ќе ги одиграме во „балонот“ во Рига со тоа што за истите националниот тим ќе се подготвува во Охрид. Најголемиот дел од играчите веќе заминаа за Охрид каде вечерва во 18:00 часот ќе го одработат и првиот тренинг во СРЦ „Билјанини извори“.

Поради клупски обврски подоцна ќе пристигнат Анџелика Митрашиновиќ и Софија Лазареска, додека пак нашиот најголем адут, најдобра кошаркарка Девана Бонер треба да пристигне во Охрид на 5. ноември.

Дуелите со Хрватска и Германија се закажани за 12 и 14 ноември.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни