Поврзете се со нас

Европски првенства

Кошаркарките ги добија противниците во квалификациите за ЕП 2023

Објавено

на

Македонската женска кошаркарска репрезентација денеска ги доби противниците за квалификациската рунда за пласман на Европското првенство.

Нашите најдобри кошаркарки ќе бидат во група со Германија, Белгија и Босна и Херцеговина, а ќе се играат натпревари во вкупно десет групи.

Квалификациите ќе се одвиваат во три ФИБА „прозорци“, од кои првиот е од 11 до 14. ноември, 2021 година. Следниот во периодот од 24  до-27. ноември, следната 2022 година, а последниот од 24 до 27. февруари 2023 година.

Пласман на ЕП ќе изборат најдобрите селекции од сите групи, плус четири селекции со најдобар ефект како второпласирани.

Домаќините Словенија и Израел ќе играат во квалификациите, па ако се најдат на некоја од овие четиринаесет позиции, ќе отстапат место за селекциите со пласман зад нив.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни