Поврзете се со нас

Европски првенства

Кошаркарките добро ја испотија фаворизираната Германија

Објавено

на

blank

Женската кошаркарска репрезентација на Македонија по голема борба загуби од Германија со 74-59 на дуелот од квалификациите кој се одигра во „балонот“ во Рига.

Мината година Германките не победија со 105-40, но оваа Македонија е сосема поинаква и за тоа говори денешниот натпревар во кој избраничките на Ѓоровиќ го добија првото полувреме со 33-29. Во продолжението фаворитот ги стегна своите редови, одигра поцврсто во одбрана, подобро во нападот што беше доволно за пресврт и освојување на целиот плен.

Митрашиновиќ со 30 поени и Бонер со дабл-дабл од 14 поени и 11 скокови беа најдобри во македонскиот табор.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни