Поврзете се со нас

Репрезентација

Кошаркарите заиграа на повисоко ниво и ја добија Црна Гора на вториот тест во Скопје

Објавено

на

Македонската сениорска кошаркарска репрезентација славеше над Црна Гора со 65-58 во вториот пријателски меч во СЦ „Јане Сандански“.

Пред два дена од истиот овој противник загубивме со 81-58, но денеска избраниците на Драган Бајиќ беа многу подобри пред се во одбраната каде ги спуштија Црногарците под 60 кошеви. Инаку овој меч го започнавме многу лошо и првата четвртина ја загубивме со 20-8, но во втората експлодиравме и со 30-11 го преземавме водството и контролата на резултатот.

Во второто полувреме се водеше жестока борба во која ние излеговме како победници што дефинитивно е добар знак пред настапот во претквалификациите за СП во 2023 година.

МАКЕДОНИЈА – ЦРНА ГОРА     65:58 (8-20; 30-11;11-17; 16-10)

МАКЕДОНИЈА: Крстевски 0, Ефремовски -, Трајковски 8, Стајиќ 6, Николов 4, Марковски 5, Робев 2, Магдевски 10, Мекиќ 12, Андоноски 3, Миловановиќ -, Вајли 15, Симиќ -;

ЦРНА ГОРА: Дробњак 9, А. Поповиќ 4, Д. Николиќ 0, Радончиќ 9, Врбица 0, П. Ѓуришиќ 4, Тодоровиќ 13, Спасојевиќ 6, Кљајиќ 0, Ф. Баровиќ 2, З.Николиќ 2, П.Поповиќ 9;

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни