Поврзете се со нас

Репрезентација

Кошаркарите во поинаков систем ќе ги доиграат квалификациите за ЕП

Објавено

на

Кошаркарската репрезентација на Македонија во поинаков систем, формат ќе ги доигра квалификациите за Европското првенство кое на програмата во 2021 година.

Поради целата оваа ситуација со КОВИД-19, Извршниот комитет на ФИБА донесе одлука средбите од наредните два „прозорци“ во ноеври (2020) и февруари (2021) да не се играат „дома-гости“ во различни држави, туку селекциите да се соберат на едно место:

-Сите натпревари во двата „прозорци“ треба да се спроведуваат во т.н. „меури“ (“bubbles”), наместо на домашни или на гостински терени, со согласност на органите за јавно здравје на домаќинот и во согласност со здравствените протоколи на ФИБА (вклучително и тестирање на PCR и контролиран влез во безбедна средина во натпреварувачки град);

-Секој „меур“ (“bubbles”) ќе се состои од четири или осум екипи (една или две квалификациски групи). Домаќините ќе бидат одредени на регионално ниво и ќе бидат објавени во догледно време ,порачаа од ФИБА.

Нашиот национален тим во месец ноември според првичниот план требаше да игра против Италија и Естонија во гости. Во месец февруари наредната година пак требаше да ги пречекаме Русија и Италија.

Само да посетиме македонската репрезнетација ги започна квалификациите со два порази од Русија и Естонија,

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни