Поврзете се со нас

Репрезентација

Кошаркарите утре ги започнуваат подготовките за битките во Перм, Тодоров ќе смета на 17 играчи

Објавено

на

blank

Машката сениорска репрезентација на Македонија од утре ги започува мини-подготовките за битките во Перм, квалификацискиот турнир кој ќе ни даде одговор дали ќе дојдеме до билет за Европското првенство.

Нашиот национален тим од среда до 14.февруари ќе биде во Скопје, ќе се одработат пет тренинзи по што на 15. февруари во раните утрински часови со Чартер лет ќе замине за Русија, поточно за Перм каде ќе ги одмери силите со домаќинот, потоа Италија и Естонија.

На списокот на Александар Тодоров се 17 играчи со тоа што поради клупски обврски Стојан Ѓуроски и Ненад Димитријевиќ подоцна ќе и се приклучат на репрезентацијата.

Список на играчи:

1.Андреј Магдевски (МЗТ Скопје Аеродром)
2. Кристијан Николов (МЗТ Скопје Аеродром)
3. Дамјан Стојановски (МЗТ Скопје Аеродром)
4. Бојан Крстевски (МЗТ Скопје Аеродром)
5. Филип Бакоч (МЗТ Скопје Аеродром)
6. Лука Савиќевиќ (МЗТ Скопје Уни Банка)
7. Марко Симоновски (Кожув)
8. Андреј Митревски (ТФТ)
9. Љубомир Младеновски (Работнички)
10. Виктор Ефремовски (Работнички)
11. Дамјан Робев (Куманово 2009)
12. Бојан Трајковски (Пелистер)
13. Војдан Стојановски (Гравелин-Данкерк – Франција)
14. Теодор Симиќ (Барселона-Шпанија)
15. Џејкоб Вајли (Гран Канарија-Шпанија)
*16. Ненад Димитријeвиќ (Хувентуд-Шпанија)
*17. Стојан Ѓуроски (ХЛА Аликанте-Шпанија)
*Ќе се приклучат подоцна на подготовките
СЕЛЕКТОР: Александар Тодоров
СТРУЧЕН ШТАБ: Ѓорѓи Кочов, Никола Василев, Горан Самарџиев, Никола Велев, Ерен Хангун

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни