Поврзете се со нас

Македонија

Кошаркарите се заканија со бојкот: Последно предупредување пред драстични мерки! (Фото)

Објавено

на

МЗТ Скопје се самопрогласи како најголем губитник по превремениот крај на сезоната во македонската кошарка поради коронавирусот, па откако следеше вистинска „војна“ на реалција Аеродром – кошаркарска Федерација, сега гласот го кренаа сите професионални кошаркари.

По прекинот на сезоната, на играчите им беше ветено дека ќе бидат обесштетени и дека ќе ги добијат своите парични средства, но бидејќи не се гледа интерес за исполнување на ова, кошаркарите кои треба да се вратат на терените испратија официјална закана.

Асоцијацијата на Кошаркарски Играчи официјално испрати допис со кој побара клубовите да стојат на својот збор, или во спротивно, ќе се стапи во бојкот кој секако негативно ќе влијае врз почетокот на првенството.

Стартот на новата натпреварувачка сезона е закажана за месец октомври, но доколку не се послуша апелот на играчите, ќе бидат преземени драстични мерки што секако се најава за штрајк и бојкот на првенството.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни