Поврзете се со нас

Репрезентација

Кошаркарите на крајот на овој месец ќе ги дознаат ривалите за СП

Објавено

на

Сениорската кошаркарска репрезнетација на Македонија се избори за место во главните квалификациите за Светското првенство кое е на програмата во 2023 година во Јапонија, Индонезија и Филипини.

Избраниците на Драган Бајиќ на крајот на овој месец ќе ги дознаат ривалите за групната фаза или поточно тоа ќе биде на 31 август од 12 часот.

Македонија заедно со Словачка, Црна Гора, Исланд, Белорусија, Летонија, Португалија и Шведска се селекциите кои последни обезбеди место во квалификациите и истите ќе им се приклучат на 24 (Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Белгија, Бугарија, Чешка, Естонија, Финска, Франција, Грузија, Германија, Велика Британија, Грција, Унгарија, Израел, Италија, Литванија, Полска, Холандија, Русија, Шпанија, Туриција и Украина) кои претходно обезбедија директен пласман.

Квалификациите ќе се одвиваат во веќе стандардни „прозорци“ на ФИБА, првите битки се планирани за ноември.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни