Поврзете се со нас

НБА

Кошаркарите на Јута преплашени по хоророт кој се одвивал во авионот веднаш по полетувањето (Фото)

Објавено

на

Кошаркарите на НБА тимот на Јута Џез поминале низ вистински хорор додека патувале за натпреварот против Мемфис.

Имено, авионот во кој се превезувале веднаш по полетувањето од аеродромот во Солт Лејк Сити се судрил со јато птици при што настанале сериозни проблеми.

Птиците предизвикале силна експлозија во еден од моторите, па пилотите биле принудени веднаш да го вратат авионот на аеродромот. Авионот без проблем слетал, а никој од играчите на Јута не пријавил никакви здравствени проблеми.

Речиси сите играчи на овој клуб ги искористија своите социјални мрежи да упатат благодарност до Бога што овој инцидент не завршил со фатални последици.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни