Поврзете се со нас

НБА

Кошаркарите на Денвер ја направија најголемата глупост во оваа сезона (ВИДЕО)

Објавено

на

blank

Во НБА лигата се одиграа шест натпревари на кои честа на гостите ја спаси составот на Вашингтон Визардс кој се избори за славје во Колорадо против Денвер Нагетс со 112-110.

Ова беше изедначен дуел и можеби ќе беше најдобро истиот да биде решен по дополнителните минути, продолжение за кое домаќините имаа чиста шанса да дојдат, ама ја направија најголемата глупост во оваа сезона.

Имено при резултат 112-110 се отвори шанса за брза контра на Нагетс кои имаа 4-1 на противничката половина, па наместо рутински да погодат за два за израмнување, сите играчи застанаа на линијата за три поени, Мареј го проигра Кампацо кој промаши и Вашингтон можеше да ја прослави победата.

Одговорноста ја презема Мареј кој побара поддршка од навивачите на Денвер за да потоа сподели уште еден пост, фотографија со која јасно сакаше да покаже дека не може да поверува што направиле во дадената ситуацијата.

Резултати:

Филделфија – Далас 111:97
Бруклин – Орландо 129:92
Њујорк – Сакраменто 140:121
Мемфис – ЛА Клиперс 122:94
Денвер – Вашингтон 110:112
Милвоки – Њу Орлеанс 129:125

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни