Кошаркарите доминираа во Попрад за сигурна победа над Словачка

Vojdan-Slovacka

Македонската кошаркарска репрезентација ги започна претквалификациите за Евробаскетот во 2021 година со победа на гостувањето во Словачка (66:74).

Избраниците на селекторот Јорданчно Давитков доминираа во текот на целиот натпревар и заслужено стигнаа до победата, а разликата која беше пресудна за победникот беше направена во вториот период кој со одлична игра во одбрана, Македонија го доби со 21:8, со што имаше предност од четиринаесет поени на полувреме.

Во последниот период Словачка успеа да намали на четири поени негатива (55:59), но успеавме да го издржиме тој налет на домаќините во Попрад и на крајот стигнавме до посакуваниот триумф (66:74) на стартот на оваа фаза од квалификациите за ЕП во 2021 година.

Најдобар поединец во македонската репрезентација беше Ричард Хендрикс со дабл-дабл учинок, односно 21 поен и 14 скокови, додека Војдан Стојановски реализираше 19 поени, како и 6 асистенции и 3 скока. Најдобар поединец кај Словачка беше Седмак кој постигна 20 поени.

Facebook Коментари