Поврзете се со нас

НБА

Кошаркар на Л.А Лејкерс сака да настапува за Литванија

Објавено

на

foto:twitter.com/NBAFRANCE

Литванија е последен и следен противник на Македонија во квалификациите за ЕП 2025, а во иднина оваа селекција може да добие интересно засилување.

Кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс, Д’Анџело Расел официјално поднел барање за настап во литванската репрезентација, а како основа е неговиот брак со девојка која има потекло од Литванија.

Литванците досега немале класичен натурализиран кошаркар во националниот тим и беа поконзервативни по ова прашање, но медиумите сметаат дека властите и федерацијата може да имаат поинаков пристап во овој случај.

Селекцијата веќе го има пополнето местото за натурализиран кошаркар, но само поради локалната легислатива која му дозволува на играчот да има двојно државјанство. Се работи за Игнас Браздеикис, членот на Жалгирис, кој е роден во Каунас, но со семејството подоцна се преселил во САД, односно Канада.

За разлика од другите натурализирани репрезентативци, Расел може да добие пасош по друга основа, односно поради бракот со Лаура Иваниукас, Литванката со која има две деца.

28-годишниот Расел ја игра десеттата сезона во НБА лигата, а во моментов има просек од 11,5 поени и 5 асистенции по натпревар.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни