Поврзете се со нас

Евролига

Кошаркар на Фенербахче постави нов рекорд во Евролигата (Видео)

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/FBBasketbol

Фенербахче доминираше на теренот и ја победи Алба со убедливи 103:68 во кошаркарската Евролига, а оваа вечер засекогаш ќе ја памети Најџел Хејс-Дејвис.

Американскиот кошаркар блескаше на теренот и стигна до 50 поени, што е нов индивидуален реализаторски рекорд во европското елитно кошаркарско натпреварување.

Хејс-Дејвис беше на теренот помалку од 30 минути, имаше 9/11 шут за два, 9/16 за три поени и 5/7 од линијата за слободни фрлања, со што дефинитивно ги засени сите останати актери на теренот.

Во завршницата и фановите од трибините притискаа топката да оди кај Хејс-Дејвис и тој да стигне до рекордот, нешто што успеа да го потврди на 18 секунди до крајот, поставувајќи ги конечните 103:68.

За навивачите на Фенер, рекордот е уште поважен бидејќи досегашен рекордер беше Шејн Ларкин од градскиот ривал Анадолу Ефес (49 поени против Баерн во 2019 година).

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни