Поврзете се со нас

НБА

Кошаркар на Далас ја прекина серијата без промашување, не успеа да го собори рекордот на Чембрлен (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/dallasmavs

Дениел Гафорд ја прекина неверојатната серија без промашување во НБА лигата и тоа на самиот почеток на гостувањето на Далас кај Оклахома Сити.

Гафорд погоди 33 шута по ред и тоа на претходните пет натпревари, но утринава не успеа да го задржи перфектниот скор и го заврши дуелот со ефект 8/11.

Рекордот во НБА изнесува 35 шутеви без промашување, датира од пред 55 години и негов сопственик е легендарниот Вилт Чембрлен.

Претходно, центарот на Далас не промаши на дуелите против Голден Стејт, Чикаго, Детроит, Мајами и Индијана.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни