Поврзете се со нас

АБА лига

Кош на сезоната во АБА лигата: Неверојатната хорок тројка на Душчак го обиколи регионот (Видео)

Објавено

на

Словенечка Цедевита стигна до четвртата победа на петтиот настап во новата сезона во АБА лигата, откако вечерва на домашен терен без многу проблеми го совлада тимот на Борец Чачак.

Словенците победија со 97:88 во меч во кој во најголем дел имаа комотна двоцифрена предност, но овој натпревар од регионалното натпреварување ќе остави силен печат на оваа сезона, бидејќи големи се шансите да го видовме кошот на годината, а воедно и новата кампања во АБА лигата.

Дан Душчак постигна само три поени на денешната средба во ситуација кога мина 11 минути на паркетот, но тоа што го направи на крајот на третиот период беше неверојатно.

Душчак со брилијанте хорок шут ја исфрли топката со звукот на сирената, а откако истата заврши во кошот, судиите мораа да проверуваат дали поените се регуларни.

Повторената снимка покажа дека шутот на Словенецот е совршен и исфлен на време, па неговиот кош стана вирален на социјалните мрежи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни