Поврзете се со нас

Репрезентација

Коронавирусот влезе во женската репрезентација, турнирот во Рига се претвора во невозможна мисија

Објавено

на

Македонската кошаркарска машка репрезентација пред два месеци имаше вистинско патешествие до Талин и од Балтикот се врати без ниту еден одигран натпревар на квалификацискиот турнир, а сега истото најверојатно ќе се случи и со женската селекција која се уште нема отпатувано за Рига.

Нашите девојки требаше да бидат дел од „балонот“ во Рига кој се игра од 1-ви до 6-ти февруари, но тоа сега е сериозно доведено во прашање откако при задолжителните тестирања пред тргнувањето од Охрид, било утврдено дека има два позитивни члена на коронавирус.

Како што информира Федерацијата, станува збор за двајца работници од стручниот штаб на женската селекција, но тоа е доволно за да се преземат сите мерки за заштита на останатите кои беа дел од подготовките во Охрид, што во превод значи дека минималните се шансите да се отпатува кон главниот град во Летонија.

-Раководството на нашата федерација веќе е во постојана комуникација со ФИБА, поточно со генералниот секретар, Камил Новак. И во периодот кој следува, комуникацијата на највисоко ниво ќе продолжи.

– Ќе се бара најдоброто решение за заштита на здравјето на сите кои се дел од нашиот женски национален тим, а во многу скоро време ќе биде донесена и конечната одлука, – гласи пораката на Федерацијата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни