Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Коронавирусот влезе во ПИК Сегед, ЕХФ го одложи дербито со ПСЖ

Објавено

на

Европската ракометна федерација (ЕХФ) одлучи да го одложи дуелот меѓу ПИК Сегед и Пари Сен Жермен од првата рунда на Лигата на шампионите.

Причината за тоа е што коронавирусот се појави, влезе во таборот на ПИК Сегед, еден член е позитивен на КОВИД-19, па сега сите останати мора одреден период да минат во карантин согласно препораките на властите во Унгарија.

Поради овие околности ЕХФ донесе очекувана одлука и го одложи големото дерби кое требаше да се одигра во четврток. Новиот термин ќе биде одреден со координација со двата клуба.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни