Поврзете се со нас

Свет

Коронавирусот влезе и во Веспрем, Манасков и компанија во карантин

Објавено

на

blank

Коронавирусот влезе и во таборот на унгарскиот прволигаш Веспрем кој сега одредено време ќе мора да мине во карантин.

Имено при последното тестирање позтитивен тест имал голманот Родриго Коралес по што Шпанецот бил испратен во изолација. Веспрем воедно ги консултирал локалните власти, па била донена одлука и останатите членови да заминат во карантин и покрај тоа што имале негативни резултати.

Унгарскиот гигант побарал одложување на дуелот со Комло во домашниот шампионат, а воедно ја известил и ЕХФ дека постои можност да бараат одложување на средбата со Кил ако играчите мора и следната недела да останат во карантин.

Реклама
Реклама
Реклама

Facebook

Популарни