Поврзете се со нас

Англија

Коронавирусот сериозно навлезе во Тотенхем, голем дел од играчите позитивни на последното тестирање

Објавено

на

Најугледните англиски медиуми пренесуваат дека во таборот на Тотенхем настанал голем проблем откако дури шест играчи од првиот тим биле позитивни на коронавирусот.

Освен играчите, позитивни на последните ПЦР тестирања испаднале уште двајца членови на стручниот штаб, а за да се потврди веродостојноста на резултатите, ќе биде направен уште еден тест во наредните 24 часа.

Тотенхем во четврток ќе игра важен натпревар против Рен во Конференциската лига кој мора да го добие доколку сака да се пресели во следната фаза, а веќе во недела ќе гостува кај Брајтон во Премиер лигата.

Според правилата доколку клубот има на располагање 13 играчи плус голман, мора да излезе на терен и да го одигра натпреварот.

Засега не е познато кои од играчите се позитивни на коронавирусот, а јавноста на Островот шпекулира дека можно е да станува збор за новиот многу позаразен сој, омикрон.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни