Поврзете се со нас

АТП

Коронавирусот се појави и на турнирот организиран од Типсаревиќ

Објавено

на

На уште еден турнир организиран на овие простори се појавија случаи на КОВИД-19, односно по Адрија Тур на Новак Ѓоковиќ сега има проблеми на егзибициското тениско првенство на Источна Европа.

Истото е во организација на поранешниот светски рекет број осум Јанко Типсаревиќ и според најновите информации двајца тенисери кои учествувале се позитивни на КОВИД-19. Се работи за Матеј Шабанов од Хрватска и Томислав Бркиќ од Босна и Херцеговина кои ја добиле информации дека се позитивни откако се вратиле дома.

Добра вест е што сите што биле во контакт со нив се тестирале и се негативни. Да потсетиме дел од овој настан беше и нашиот Томислав Јотовски.

Останува да видиме дали турнирот ќе продолжи, машкиот дел веќе заврши, додека женскиот требаше да започне во понеделник.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни