Репрезентација
Коронавирусот направи хаос: Македонската експедиција без одигран меч се враќа од Талин

Македонската експедиција вложи максимален напор да ги испочитува сите протоколи и ги започна подготовките во Талин без ниту еден заразен кошаркар, но некако коронавирусот успеа да го пробие „балонот“ во естонската престолнина и цело патешествие на крајот се сведе да не биде одигран ниту еден натпревар.
Репрезентативците и цел стручен штаб на Македонија ќе се вратат во Скопје без ниту еден одигран натпревар во Талин, откако сега и официјално од ФИБА потврдија дека нема никакви услови за одигрување и на мечот против Естонија.
По вчерашните први позитивни тестови во нашиот тим, експресно беше одложен натпреварот против Италија, а поради нови позитивни играчи по најновите тестови, не постојат никакви услови и за мечот со Естонија.
– Машката сениорска репрезентација на Македонија се враќа дома, за Скопје, без да одигра ниту еден од двата предвидени натпревари во „балонот“ во Талин. Раководството на нашиот национален тим, и официјално од страна на официјалните лица на ФИБА присутни во Талин е известено дека во овој момент, нашата селекција не е подготвена за натпреварување.
– И согласно со тоа, одложен е и вториот натпревар на Македонија на турнирот во Талин, оној кој утре вечер, од 19.30 часот, требаше да го одиграме против домаќинот на овој собир, Естонија. Како причина, се наведува во соопштението на ФИБА, се наведува зголемениот број на заразени членови на македонската делегација во главниот град на Естонија. И согласно со протоколот за Ковид-19 на ФИБА, во наредниот период ќе биде одлучено кога ќе се одиграат одложените натпревари.
– Многу е веројатно дека мечевите со Италија и со Естонија ќе бидат презакажани за следниот квалификациски „прозорец“ на ФИБА, во февруари, 2022 година. Во меѓувреме, играчите, стручниот, лекарскиот тим, и раководството на нашата федерација веќе ги почнаа со подготовките за враќање во Скопје. По консултациите со ФИБА и со здравствените авторитети во Талин околу транспортот на лицата кај кои е утврдено присуството на Ковид-19, ќе биде направен и планот за враќање дома, – гласи соопштението на Федерацијата.

- Англијапред 23 часа
Овен и Бербатов согласни: Ливерпул нема да го победи Јунајтед во дербито на колото во ПЛ
- Италијапред 21 час
Лацио го доби големото дерби, Ана го исполни ветувањето и се соблече гола (ФОТО)
- Англијапред 22 часа
Салах: Кој ќе ја освои титулата во Англија? Ситуацијата е…
- НБАпред 23 часа
Адетокумбо постави анти-рекорд, Лејкерс дојде до петтата победа во низа (ВИДЕО)
- Одбојкапред 17 часа
Одбојкарите повторно покажаа „спартанско срце“: Македонија ја надигра Турција и се пласираше на ново ЕП!
- Светски првенствапред 16 часа
Брестовац ја посочи главната причина за двата тешки порази од Шведска и Египет
- НБАпред 22 часа
Никако да заврши кошмарниот период за ѕвездата на Минесота: Ви ветувам дека нема да завршам во ковчег (ФОТО)
- Светпред 18 часа
Дешамп: Тоа што го изјави Бензема е неприфатливо, никогаш нема да му простам!