Поврзете се со нас

Европски првенства

Коронавирусот ја откажа втората контролна средба на Македонија против Израел

Објавено

на

Денеска требаше да се одигра четвртиот подготвителен натпревар за македонската ракометна репрезентација, кој воедно требаше да биде и последен пред настапот на Европското првенство во Дебрецин.

Македонија требаше да игра уште еден натпревар со Израел, репрезентација која ни беше противник и во вчерашниот ден.

Сепак, денешниот натпревар не се одржа поради тоа што во таборот на противничката екипа се појавиле три потврдени случаи на Ковид-19, па за вирусот да не се рашири се донесла одлука средбата да биде откажана.

Во нашиот репрезентативен табор нема ниту еден позитивен играч на Ковид-19, а тестирања ќе има секој втор ден со цел брзо да се детектираат сомнителните случаи.

Што се однесува до Европското првенство, тоа го започнуваме со натпревар против Словенија на 13 јануари, два дена подоцна ќе се соочиме со Црна Гора, а за крај ќе играме со фаворитот на ова Европско првенство, репрезентацијата на Данска.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни