Поврзете се со нас

Свет

Коронавирусот го стресе и еден од најпознатите бразилски клубови: Дури 16 фудбалери позитивни…

Објавено

на

Коронавирусот својата сила сега ја покажува во Јужна Америка,а најпогодена држава е Бразил која секојдневно брои нови заразени и нови жртви.

Имуни не останаа ни фудбалските клубови во кои се пријавуваат заразени играчи и членови на стручниот штаб.

Најпогоден од сите е славниот бразилски клуб, Васко Де Гама од каде се потврдени 16 фудбалери позитивни на коронавирусот.

– Позитивните фудбалери редовно ќе бидат следени и ќе можат да се приклучат на тренинзите дури кога ќе бидеме сигурни дека од нив не се заканува опасност дека ќе го пренесат вирусот на другите во клубот, -истакна докторот на клубот, Маркос Тешеира.

Васко Де Гама требаше да се врати на тренинзи во текот на вчерашниот ден, но по најновите информации тренинзите се одложени за неопределено време.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни