Репрезентација
Коронавирусот го проби и „балонот“ во Талин: Натпреварот Македонија-Италија одложен во последен момент!

Првиот квалификациски дуел од „балонот“ во Талин на крајот нема да се одигра како што беше планирано, откако одговорните луѓе од ФИБА ја информираа нашата Федерација дека има позитивни случаи на Ковид 19 во нашиот тим по направените последни тестирања.
На половина час пред закажаниот термин од 15:00 часот, пристигна официјална информација дека натпреварот меѓу Македонија и Италија нема да се одигра, а во овој момент не се знае и дали воопшто ќе биде одигран и целиот турнир со оглед на новонастанатата ситуација.
– Натпреварот помеѓу репрезентациите на Македонија и на Италија кој требаше да стартува денеска, од 15. часот, а е дел од „Б“ квалификациската група за пласман на ЕП 2022, е одложен.
Водството на нашата федерација доби информација од ФИБА дека поради позитивни случаи на присуство на коронавирусот кај најмалку еден кошаркар, комплетниот наш тим ќе мора да направи уште еден PCR тест.
Повеќе детали за новонастанатата ситуација ќе бидат достапни во текот на денот, – гласи објавата на КФСМ.

- Англијапред 14 часа
Солскјер откри кој е најлош губитник во Јунајтед: Сите мислат дека тоа е Бруно, но….
- Балканпред 10 часа
Уапсен претседателот на Фудбалскиот сојуз на Србија, имал блиски релации со „српскиот касап“ Веља Неволја
- Шпанијапред 23 часа
Искусниот стопер на Валенсија се расплака откако го прашаа какви чувства буди борбата за опстанок (Видео)
- Шпанијапред 24 часа
Играчот за врска на Севилја ја презентираше најпродуктивната техника за справување со Меси (Видео)
- Италијапред 9 часа
Не е подготвен за италијанскиот фудбал: МекКени не можеше да го тргне погледот од задникот на Дилета Леота (ФОТО)
- Италијапред 14 часа
Дојде и тој ден: Роналдо постигна гол, соиграч го имитираше на теренот за време на прославата (Видео)
- Англијапред 12 часа
Клубови од Италија и Шпанија заинтересирани за играч на Манчестер Јунајтед, од клубот му подготвуваат нов договор
- Англијапред 23 часа
Одбрана на сезоната во Премиер лигата: Дубравка со вонсериски рефлекс во 92. минута го спаси Њукасл (Видео)